Вести

Координативен состанок на Регионалниот Штаб на РЦУК Кичево со субјектите од СУК за превентивно дејствување по воведувањето на кризната состојба

На ден 18.07.2024 година со почеток во 11,10 часот во просториите на општина Кичево одржан е состанок за подготвеноста на институциите во текот на кризната состојба поради големиот број на шумски пожари. На состанокот присуствуваа претставници од следните институции:

Сузана Тасевска -Раководител на РШ на РЦУК, Фатмир Дехари – Градоначалник на општина Кичево,  Амдин Емини- Началник на ОВР Кичево, Игор Марковски – Командир на ПС од ОН  Кичево, Сејдин Сејдини – Помошник на командирот на ПС од ОН Кичево, Зендел Јонузи- Директор на ЈП Комуналец Кичево, Игор Пејоски – претставник на општина Кичево,  Горан Соколески- командир на ТППЕ Кичево, Трајче Савески – претставник од АРМ Кичево,  Емин Емини – ДЗС ПЕ Кичево, Емин Насуфи – општина Кичево, Драге Павлески – Директор на ЈП НП ШС Лопушник Кичево.

Со состанокот раководеше Раководителот на РЦУК Кичево.

На состанокот се дискутираше за состојбата со пожари на отворен простор со посебен осврт на шумските пожари на подрачјето на општина Кичево

Раководителот на РЦУК Кичево Сузана Тасевска во своето излагање информираше дека од 15 јули е воведена 30 дневна кризна состојба на ниво на цела држава поради големата опасност од шумски пожари, а  исто има и целосна забрана за движење во шуми.  Во моментов на територијата на општина  Кичево нема активен пожар, ние треба да бидеме подготвени претстојниот период во случај на појава на пожари на отворен простор. На состанокот присуствуваше и Градоначалникот кој го соопшти ставот на општината дека мора да има силна институционална соработка се со цел да има навремена превенција за заштита од пожари.

Директорот наШС Лопушник посочи дека нивната институција е главен носител во процесот на справување со шумски пожари. Тие како институција се трудат ефективно и брзо да излезат на терен. Информираше дека состојбата во поглед на ресурси, не е како што била во минатото, има дефицит на човечки и материјални ресурси  Има формирано дежурна екипа од 4 вработени кои учествуваат во гасење на пожар доколку има потреба ангажираат повеќе екипи на терен.Опасноста е најголема доколку пожарот навлезе во борова шума.

Врз основа на дискусиите се донесоа следните заклучоци:

1. Поагресивна превентивна медиумска кампања преку локални медиуми

2. Зајакнување на контролите во поглед на забраната за движење во шуми

3. Навремено известување на сите институции при појава на пожари

4. Институциите да постапуваат согласно стандарднио оперативни процедури за да не се мешаат во надлежностите.

Поврзани објави

Работилница во рамките на Иницијативата за безбедност од пролиферација

Cuk Editor

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов во седиштето на НАТО во Брисел, на состаноци за креирање на национална политика во делот на градењето отпорност

Cuk Editor

Презентирани сите активности коишто беа имплементирани и на терен од Проектот за градење на капацитети за екосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи „Eco-DRR“, поддржан од Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија – (ЈИЦА JICA).

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе