Вести

Втор Регионален семинар во рамките на “Проектот за градење на капацитети за екосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи (Eco-DRR)” поддржан од Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија – JICA

Денеска во хотел „Хилидеј Ин“ во Скопје се одржа Втор Регионален семинар во рамките на “Проектот за градење на капацитети за екосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи (Eco-DRR)”,  поддржан од Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија – JICA

На семинарот свое обраќање имаше директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, како директор на Центарот за управување со кризи при Владата на Република Северна Македонија и како директор на “Проектот за градење на капацитети за екосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи (Eco-DRR)”, на овој втор, Регионален семинар, кој воедно претставува и завршна активност од Регионалната компонента на проектот.

На семинарот присуствуваа Н.Е. Оцука Казуја, амбасадор на Јапонија во Република Северна Македонија, г-дин Хидео Нода, заменик директор, и други високи претставници од главната дирекција на ЈИЦА од Токио, г-дин Тору Инада, главен советник на Еко-ДРР проектот, и учесници од: Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, г-дин Груевски Директор на ЈП Национални шуми, г-дин Јовановиќ, Раководител на Секторот за шумарство и ловство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и други учесници на овој настан.

Преку овој проект во Република Северна Македонија беа применети теоретски и практични мерки од концептот на екосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи (Eco-DRR), со крајна цел да се намали интензитетот и фреквентноста на природни непогоди, како што се поројните поплави, лизгање на земјиштето и ерозија на почвата, кои со децении наназад предизвикуваат големи физички штети, социо-економски последици и доведуваат до тешка деградација на природната средина.

Основните резултати кои се постигнаа преку имплемнтацијата на овој проект се однесуваат на следните две области:

 (1) Зајакнување на националните капацитети за координација помеѓу домашните релевантни институции во системот за управување со кризи преку надградба и проширување на функциите на постоечкиот Македонски информативен систем за шумски пожари  MKFFIS, и

 (2) Подобрување на состојбите во управувањето со Националните шуми, преку воведување на нови практики и технологии со цел да се зајакне и да се прошири нивната заштитна функција, и преку тоа, на долгорочна основа да се намалат ризиците од природни непогоди, пред се од поројни поплави, лизгање на земјиштето и ерозија на почвата.

Како што посочи директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, водејќи се од овие очекувани резултати, во имплемнтацијата на проектот од Македонска страна, покрај ЦУК, како партнери и соработници активно беа вклучени институциите од областа на шумарството и други релевантни партнери. Бидејќи во текот на имплементацијата на проектот беа спроведувани практични теренски активности за санација на високоризични локации, посебно место и улога имаше вклучувањето на Единиците на локалната самоуправа и локалната зедница, односно граѓаните кои се директно изложени на ефектите од природните непогоди. Со ваквиот концепт на имплемнтација, овој проект воведе еден сеопфатен пристап и широка инклузивност на сите засегнати страни.

Исто така, истакна дека како висок приоритет во рамките на долгогодишната соработка со JICA е промоција на Проектните резултати и споделување на нашите стекнати знаења и искуства со земјите од Регионот на Западен Балкан.

„Посебно задоволство ни преставува што преку оваа промоција, ние успеавме да иницираме интерес кај другите земји од Регионот и како резултат на тоа во 2021 година JICA започна со реализација на “Проектот за градење капацитети за намалување на ризиците од катастрофи преку воспоставување на Национален информативен систем за шумски пожари (NFFIS) и воведување на Eco-DRR активности во Косово и Црна Гора. Нашата финална заложба и интерес е во овој Регионален концепт да се вклучат и преостанатите земји од Западен Балкан. Благодарение на заедничките интензивни активности на Центарот за управување со кризи, координирани од Стевко Стефаноски и одличната поддршка и соработка со JICA, од идната година во оваа Регионална програма ќе се приклучат Албанија и Босна и Херцеговина, а јас искрено се надевам дека и Република Србија ќе го стори истото, со што целиот регион ќе биде дел оваа ЈИЦА мрежа за соработка” – потенцираше Ангелов.

Тој посебно ја нагласи важноста и значењето на одржливоста на проектните резултати и според него овој момент е најважниот дел од скоро 15 – годишната соработка помеѓу ЦУК и ЈИЦА.

Исто така, потсети дека при одржувањето на првиот Регионален Еко-ДРР семинар, на 30 Октомври 2019, на истото ова место и скоро во идентичен состав, тогашниот директор на ЦУК изјавил дека “Центарот за управување со кризи, како носител на имплементацијата на овој Проект, максимално ќе го вложи своето искуство и капацитет, со цел, да се постигнат сите предвидени резултати во периодот на имплементација на проектот”.

Четири години подоцна, тој како актуелен директор на ЦУК, потврди дека поставените цели и очекуваните резултати од проектот се постигнати, и дополнително ќе изјави, дека ЦУК, во соработка со партнерските институции, заедно ќе ги вложат сите капацитети и способности, со цел постигнатите резултати во иднина соодветно да бидат одржани и надополнети.

Во рамките на овој завршен Регионален семинар, ќе се презентираат сите активности од проектот кој беа имплементирани. Во текот на вториот ден предвидена е теренска посета на проектната локација на подрачјето на општина Радовиш, со цел да се согледа практичната примена на Еко-ДРР мерките, а во текот на третиот ден ќе бидат реализирани финалните сесии и ќе бидат формулирани завршните заклучоци.

Поврзани објави

60 ГОДИНИ СКОПСКИ ЗЕМЈОТРЕС

Cuk Editor

Континуитет за прекугранична соработка за подобрување на ефикасно и рано откривање на шумски пожари, со зголемена прецизност, намалување ниски стапки на лажни аларми и способност за 24/7 работа

Cuk Editor

Oдржана седница на Регионален штаб на ПО-РЦУК Прилеп

Web Administrator

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе