Вчера, 7 ноември 2023 година, во Седиштето на НАТО во Брисел, Белгија, Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг претседаваше со Вториот состанок на високите национални претставници на Алијансата одговорни за отпорност. Република Северна Македонија ја претставуваше директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
Украинската вицепремиерка Олха Стефанишина виртуелно од Киев им се обрати на Сојузниците и ја нагласи клучната улога на националната отпорност во одбраната од вооружени напади. На состанокот исто така од страна на високи претставници од Европската служба за надворешни работи се споделија информации како и помагаат на Украина да ја зајакне својата отпорност.
Генералниот секретар на НАТО ја потенцираше важноста на колективната отпорност за справување со целиот опсег на закани со кои се соочуваме, од пандемии и климатски промени до вооружени конфликти. Сојузниците разговараа за предизвиците за отпорноста во евроатлантската област, вклучително и пошироките импликации од руската воена агресија врз Украина. Беше истакната потребата за зголемена општествена отпорност и поефикасна соработка меѓу цивилниот и воениот сектор, како и во целата влада.
Овој Втор состанок на високите сојузнички претставници за отпорност следи по одобрувањето на целите за отпорност за 2023 година од страна на лидерите на НАТО Самитот во Вилнус. Генералниот секретар ги повика Сојузниците да продолжат со нивната работа за преточување на целите за отпорност на Алијансата во национални цели за отпорност и во планови за имплементација. Годишните состаноци на високите претставници за отпорност беа воспоставени како дел од НАТО 2030 агендата за подобра координација на напорите за национална отпорност и зајакнување на консултациите во рамките на НАТО.