На ден 14.12.202 година со почеток во 10.00 часот во просториите на дом на АРМ -Струмица се одржа редовна седница на Регионалниот штаб за 2022 година. На седницата присуствуваа претставници од РЦУК-Струмица, ЕЛС Струмица,Василево,Босилово, Ново Село, ЈПКД Огражден-Босилово, ЈКП Комуна Ново Село,ТППЕ-Струмица, ЈЗУ Општа болница-Струмица, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Струмица,МВР-СВР-Струмица,ВС на РМ Подружница „ Струмичко поле “ Струмица, Агенција за храна и ветеринарство ПЕ Стумица, ДЗС-Струмица,ОО Црвен крст-Струмица,ПШС Беласица-Струмица,ЈП Македонија пат-Струмица, Министерство за одбрана-ОО Струмица)
На седницата се работеше по следниот дневен ред.:
- Информација за состојба со речните корита и акумулациите во надлежност на ВС“Струмичко Поле“-Струмица
- Информација за исправноста на водата за пиење во Струмичкиот регион.
- Информација за состојбата со заразните болести на животните во Струмичкиот регион.
- Подготвеност на ЕЛС Струмица, Василево Босилово, Ново Село , ЈПКД во општините и ЈП Македонија пат-Струмица за спроведување на Програмата за одржување на улиците, магистралните, регионалните и локалните патишта во општините во зимски услови за 2022/2023 година
- Информирање на присутните за функционирањето на бројот за итни повици 112 на територијата која ја покрива ПО РКОА РЦУК-Струмица.
На седницата се донесоа следните заклучоци:
- Приоритет при чистење и одржување на патните правци ,да им се даде на правците кои водат до медицинските установи, школите,ТППЕ , органите на државната управа и ЕЛС, како и планинските села кај кои постои можност за отсеченост и тоа селата Мемешли, Дорломбос, Орманли (општина Струмица) Висока Маала (општинаВасилево), Барбарово, Бадилен и Стиник (општина Ново Село).
- Се задолжуваат сите субјекти учесници во Системот за управување со кризи да ја зголемат меѓусебната комуникација и координација со цел поефикасно справување во зимски вонредни услови,доследно да ги почитуваат законските надлежности, и да се придржуваат на усвоените Оперативни планови за дејствување при екстремни зимски вонредни услови.
- Се задолжуваат сите здравствени јавни установи редовно да ја следат ситуацијата околу здравствената состојба на населението и редовно да информираат за состојбата.
- Се задолжуваат институции кои се опфатени со Акциониот план за превенирање на штетните влијанија и последиците од студеното време и студените бранови врз здравјето на населенито во РМ да ги превземат сите соодветни активности и мерки кои се определени според фазите од системот за ранопредупредување и алерт во зимскиот период.
- Се задолжуваат ЕЛС И ЈПКД да определат места за закопување на заболени-заразени животни и декларираат човечки и материјални ресурси при евентуална појава на болеста Африканска свинска чума кај свињите во регионот според препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство.