Вести

Одржани предавања со образовните институции за превенција од елементарни непогоди во општина Кичево     

По посетата на сите образовни институции кои се наоѓаат во градот Кичево во изминатиот период тимови на ПО РЦУК – Кичево ги посетија и училиштата во селските населби кои се на територијата на општина Кичево: ПУ ,,Ѓерѓ Кастриоти – Скендербегу“ с. Србица, ООУ ,,Јунус Емре“ с. Лисичани,  ЦОУ ,,Милто Гура“ с. Стрелци, ЦОУ ,,Наим Фрашери“ с. Јагол, ЦОУ ,,Реџо Рушит Зајази“ с.Зајаз, ОУ ,,Фаик Коница“ с. Грешница, и ОУ ,,Христо Узунов“ с. Другово.

Целта на состаноците беше да се подобри комуникациjaта и соработката со институциите кои функционираат на подрачјето на општина Кичево и да се утврди поддршката што може да се добие од истите во процесот на ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на општина Кичево.

Од сите досегашни одржани состаноци произлегоа неколку барања за продлабочување на соработката како и барања  од гимназијата ОСУ ,,Мирко Милески“, ОСУ ,,Дрита“ за запознавање на вработените со постапките при елементарни и други непогоди, и барање од ОУ ,,К. Ј. Питу“ за организирање предавање за учениците за постапките во случај на манифестација на одреден ризик или опасност. Предавањата во ОСУ ,,Дрита“ ги презентираше помладиот соработник Мурат Зенку, а во ОСУ ,,Мирко Милески“ и ОУ ,,К. Ј. Питу“ совтникот Љупче Софрониевски.

Исто така, на состанокот одржан со училиштето ЦОУ ,,Санде Штерјоски“ беше договорено да изведат вежба за евакуација,  која дополнително ја спроведоа  успешно како  резултат на претходно изведени неколку практични вежби во соработка со сите институции  кои реално треба да учествуваат во вакви активности. 

Поврзани објави

Одржани состаноци со образовните институции за превенција од елементарни непогоди на подрачјето нa општина Кичево     

Cuk Editor

Ангелов на Комитет за отпорност на НАТО во Брисел

Web Administrator

Oдржана седница на Регионален штаб на ПО-РЦУК Прилеп

Web Administrator

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе