До утрово, активни пожари од последното деноноќие има уште два. Тие се во Општина Македонски Брод, кај с.Белица (каде што гори ниска вегетација и нискостеблеста шума) и во Општина Чашка кај с.Горно Јаболчиште (каде што гори стара сеча и стари букови дрвја).
Вчера имаше 29 пожари на отворен простор, гореле стрништа, пасишта, сува трева, трње, трска, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана шума, борова шума и неколку депонии, а во Општина Василево изгорела и една колиба.